Манифестација „Поетска Рацинова вечер“по повод патрониот празник на НУЦК „Кочо Рацин“

На 13 Јуни по повод патрониот празник НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ организираше многубројни културни активности во чест на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин.

По тој повод библиотеката при НУЦК „Кочо Рацин“ организираше литературен конкурс на детски творби на тема „Модерно Време“ каде учествуваа ученици од основните училишта и училишта од околните села-општини.На учесниците се доделуваа поклони за најдобри творби како и пофалници, а за останатите благодарници. За учеството на конкурсот и доставените творби од самите ученици.Како благодарност кон комисијата кои учествуваат во изборот на творбите се доделија благодарници, а за гостите на оваа манифестација поклони со обележје на Центарот за Култура и библиотеката.

Во организираноста на оваа свечената манифестација овој ден кој е посебен за нашиот центар покрај традиционалниот литературен конкурс да беше збогатен со уште еден настан во вечерните часови каде во соработка со литературниот клуб “Китка“ се дополни со манифестација “Поетска Рацинова вечер“. На овој настан покрај членовите на Литературниот клуб “КиТка“ учество зедоа учениците од средното локално училиште под менторство на своите професори.Целата оваа вечер беше збогатена со тивка инструментална музика-пијано од страна на млади таленти кои ги пратеа поетите при нивното читање. Овој настан на присутните кои беа од секоја генерација им остави голем впечаток каде преминува во традиција при што заедно со литературниот конкурс би претставувале достоинствено одбележување на патрониот празник чие име го носи нашиот центар за култура.По завршувањето на оваа манифестација имаше коктел- вечера за гостите и учесниците на литературниот конкурс како и учесниците на поетската рацинова вечер. На овој настан имаше снимање и сликање како евиденција за реализирање на оваа манифестација.

https://fb.me/e/2Vxk5cO6x

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.292714033103620&type=3

You may also like...

Напишете коментар