
Овој настан беше реализиран од страна на поети од Скопје,Охрид и Кичево so музичко,драмско,поетски перформанс по повод 80 годишнината на смртта на Кочо Рацин.

Учествуваа познати новинари,драматурзи,поети, кои во нив беа познатите Снежана Коневска-Руси македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и режисер. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги.Воведни зборови на овој настан зедоа Професор Д-р Васил Тоциновски македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач, тој е еден од најплодните современи македонски автори и Оливера Ширговска роднокраен писател на три романи како и повеќе збирки песни,поезии итн и претседател на литературниот клуб КиТка од Кичево.Исто така настапи хорот од Кочо Рацин од Скопје,мироцветна љубовна патека Живко Попоски-Цветин како и лирското интермецо со поетите од Скопје,Охрид Кичево,додека музичкиот перформанс беше во изведба Лилјана Стоилковска.
По завршувањето на овој настан имаше коктел- вечера за гостите.





