Category: Музички активности

Во оваа категорија се сите наши музички активности.

Концерт дуо на пиано– 4 раце

Музика, оваа величествена уметност, која го наоѓа патот на изразување преку звуците. Уметност која не знае јазик и нема време.На 28.05.2021 година, Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево беше домаќин на величествен концерт „Концерт дуо на пијано – 4 раце“ што почна и заврши со аплаузи и големи емоции.

Continue reading…
0

Концерт ДУО СКУПИ


Во нашиот Центар за култура се одржа концерт на ДУО СКУПИ кој го сочинуваат виолинистот Ермал Мехмети и професорката по флејтистка Јета Старова Мехмети.
ДУО СКУПИ е дует кој главно се занимава со обработка на стари албански песни.
Концертот се одржа според протоколите од Министерството за култура дадени од здравствената комисија за заштита од КОВИД-19 и беше пренесуван во живо на официјалната страница на Фејсбук.
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/1046794239097737
0

Свечен концерт за годишнина на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Во големата сала при НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 10.10.2020 година се одржа свечен концерт за годишнината на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево со што се одбележа 40-години постоење на оваа институција.

Continue reading…
0

Детска симфониска приказна „Петар и волкот“

На 11 Септември 2020г. во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево со поддршка на Министерството за култура се одржа симфониската бајка за деца „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик со диригент Агона Чупи и диригент Ангел Спироски.

Петар и волкот оп. 67, „детска симфониска бајка”, е музичко дело 
напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година.
Нараторот им раскажува приказна на децата, додека оркестарот ја илустрира така децта се запознаваат со музичките инструменти и нивните карактеристики.


Петар и волкот е една од најпознатите дела на Прокофиев и едно од најчесто изведуваните дела на целиот класичен репертоар.

0

Празничен концерт со „Viva Strings“

По повод Денот на независноста 8-ми Септември во Центарот за култура “Кочо Рацин“- Кичево гостуваше гудачкиот квартет ВИВА Стрингс од Скопје. 
Програмата на овој концерт беше од популарен карактер, на програмата беа застапени повеќе модерни наслови кои побудија интерес кај публиката. Меѓу другите, беа изведени композиции на Мајкл Џексон (Michael Jackson), Бритни Спиарс (Britney Spears), Јуритмикс (Eurythmics), Роби Вилијамс (Robbie Williams), Квин (Queen) и други.

Претставување на една ваква програма пред кичевската публика претставуваше повеќекратен успех, бидејќи се помага во едукацијата и пројавување интерес кај публиката за други типови на музика освен секојдневно слушаните турбо-фолк и слични музички жанрови.

Поради ситуацијата во која се наоѓа целата држава концертот се одржа според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид19.Концертот се адаптираше да се реализира во надворешни услови-на платото од центарот за култура. Притоа публиката беше ограничена со број на седишта, кои беа поставени на растојание од 2 метри и беше ставено напомена преку доставување на рекламен материјал од страна на учесниците за носење на заштитна маска за време на настанот.  Концертот е дел од Националната програма за култура за 2020 година и е поддржан од Министерството за култура и од НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево.

0

Koнцерт на класична музика

Во рамки на фестивалот Меридианс, со подршка од Министерство за култура, во Центарот за култура “Кочо Рацин” Кичево се одржаа концерт на друштвото Артал.

Концертот го реализираа уметниците:
Јетмир Мехмеди – гитара
Шкелзен Пајазити – виолина
Шкелзен Бафтијари- пијано
Концертот се реализираа во надворешен простор поради ситуацијата со Covid-19, почитувајќи ги предвидените мерки и протоколи.

0