
На 24.12.2023 во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево се реализираше проектот насловен “Новогодишен концерт“ на кој земаа учество познати уметници на класична музика предводени од носителот на овој проект диригентот од Кичево Агона Чупи. Овој проект беше дел од годишната програма финансирана од страна на Минстерство за култура на РСМ.






На овој концерт учествуваа:
Солиститите : Исмет Вејсели-тенор и Дајана Малолари Пајазити-сопран
Шкелзен Бафитари на пијано, Алба Зеќири на виолина, Хана Палоши на виолина, Илза Бафтијари на виола, Енис Аљи на виолончело.
А за сценографијата се погрижи Рахим Рамадани.
Концертот освен редовната публика го следеа и голем број сограѓани кои работат во странство, а беа дојдени во родниот крај по повод новогодишните празници. Сите љубители на сериозната музика уживаа во интерпретирањето на познатите песни како од класичната музика така и од преработените од албанската музика. Овој концерт претставуваше вистинско задоволство за сите генерации.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.397867019254987&type=3