
На 25.12.2023г. во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ од одбрениот проект „Културни манифестации и активности за популаризација на книгата и читањето“ од страна на Министерството за култура се реализираше настанот „Промоција на библиотеката и поетско читање“ во соработка со учениците од средното општинско училиште „Мирко Милески“ од Кичево под менторство на професор Катерина Миноска.
Учениците во овој настан го реализираа со проекција, како и што треба читателите и љубителите на пишаниот збор да се зачленат во изнајмувањето и враќањето на книгите во библиотека ,исто така овој настан беше со читање делови т.е извадоци како и песни од наши познати писатели како што се Блаже Конески,Кочо Рацин,Крсте П Мисирков и многу други великани кои имаат големо влијание во македонската поезија и писменост.Цел настан се одвиваше со мала драматургија од страна на учениците кои на присутните на полесен начин им се долови начинот на пријавување во библиотеката како и читањето на великаните.








На крај се доделуваа благодарници на учесниците како и флаери за присутните за начинот на зачленување во библиотеката. Настанот се заврши со коктел организиран од страна на Центарот за култура.