Ревија на македонски традиционални регионални носии

Проектот “Ревија на македонски традиционални регионални носии” е во организација на КУД “Рацин” – Кичево и има за цел да ги претстави оригиналните традиционални носии кои некогаш се носеле од страна на населението во етничките предели: Кичевија, Порече, Железник и Дебарца.
Ревијата има и едукативен карактер со кој публиката ќе има можност да се запознае со локалната терминологија на облековните елементи кои некогаш се користеле како за секојдневни така и за свечени прилики.

Покрај едукативниот карактер публиката на 14 Декември уживаше и во сценско-уметничкиот перформанс со вокално инструментални и хорски содржини.
Во оваа прилика покрај традиционалните носии кои што ги поседува КУД “Рацин”- Кичево, дел од членовите се претставија и со свои традиционални носии наследени од нивните предци.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

https://fb.me/e/2qtm9gDxCJ

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.880490277659323&type=3

You may also like...