Изложба „Ден потоа“- Шќипе Мехмети

На 9 Јуни со почеток 19 часот во НУЦК “Кочо Рацин“- Кичево се одржа самостојна изложба на Шќипе Мехмети насловена “Ден потоа“.

Изложбата на ликовниот уметник Шќипе Мехмети, со наслов “Ден потоа/The day after” содржеше триесетина слики, графики и цртежи, во техника акрил на платно, монотипија, колографија работени 2021 – 2023 година. Авторот е дипломец на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде ги завршил и пос-типломските студии во насока графика. Има реализирано над триесет
самостојни изложби во регионот и пошироко, Берлин, Париз, Нинберг, Њујорк, Истамбул, Бурса, Визби, Приштина, Нови Сад, Ријека, Скадар. Добитник е награди од областа на сликарството и графиката меѓу кои и наградата “Гран при” во 17ти Зимски салон организиран од Друштвото на ликовни уметници на С.Македонија во 2018 година.

Во делата на Шќипе Мехмети повторно се соочуваме со тајната на создавањето. Таа се обидува да ги открие вистинските слики, сликите зад скршеното огледало на светот, сликите зад сите други слики. Овие слики се суштински. Тие се слики каде што минливите и испарливи форми, залудните презентации и површните промени се отфрлени, изоставени – ја откриваат суштината на нештата.
Уметницата води длабок нечуен дијалог со себе, кој станува вода, која се провлекува низ лавиринтите во потрагата по битовото, по суштественото, низ лавиринтите на парадоските. Во сликата се видоизменува и преспективата која добива една поинква димензија, едни поинакви координанти кои водат неизвесно, длабоко кон непознатото, таа се ремодулира и понорува, за да пак повторно избликне реструктурирана, возобновена , ремодулирана, како одредница која ги одмерува и надминува сите нешта на хоризонтите на едни поинакви спознавања на светот.

https://fb.me/e/7D6x4ngW4

https://fb.watch/lDIj40QnWh/

You may also like...

Напишете коментар