
На 26 Мај со почеток од 18 часот во фоајето при НУЦК “Кочо Рацин“- Кичево се одржа изложбата на Ана Ивановска насловена „Ехо“.
Уметничка практика на Ана се базира на работа во различни медиуми и
нивна комбинација: инсталација, слика, скулптура, видео, перформанс, цртеж.
Ана Ивановска (Скопје, 1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности
во Скопје, отсек сликарство (2006). Во 2007 год. го завршува Педагошкиот оддел
а во 2011 ги завршува постдипломските студии на отсек сликарство на истиот
факултет.






Од 2006 год. член е на ДЛУМ и еден од основачите на уметничката група и
простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. (2009 – 2011) и групата „МОМИ“ (2012). Сопственик
е на ТП уметничка работилница КРЕАТИВНА СЛОЖУВАЛКА (2014) и има статус на
самостоен уметник (Министерство за култура) од 2015 година. Од 2022 год.
станува член на Уметнички совет на ДЛУМ.Реализирала повеќе самостојни и над 150 групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на наградата „Денес” (2008), наградата за вајарство
доделена од ДЛУМ (2017), наградата за нови медиуми доделена од ДЛУМ
(2020) и беше претставник на Р. Македонија на интернационалниот натпревар
на VII Франкофонски игри во Ница, Франција (2013). Остварила уметнички
престои во галерија MC, Њујорк, САД (2022); CreArt, Скопје, Р.С. Македонија
(2020); Папрадиште, Р.С. Македонија, (2019); Тирана и Корча, Албанија,
„Галерија Кало“ (2019); Берлин, Германија, „Прима центар“ (2018); Париз,
Франција, “Cite Internationale des Arts” (2014); Виена, Австрија, Австриско
Федерално Министерство за образование, уметност и култура (2011); Њујорк,
САД, YVAA (Young Visual Artist Award) во програмата ISCP (International Studio and
Curatorial Program) (2009).
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.283181097390247
https://www.facebook.com/100070950774337/videos/553591586721037