Изложба „Балканот низ времето“ на Коста Галиманоски

На 13 Јуни во холот при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 20:30ч. се одржа изложба со наслов „Балканот низ времето“ на автентично изработени средновековни штитови на Коста Галиманоски.

Изложбата насловена „Балканот низ времето“ беше составена од рачно изработени штитови во бакар, во природна големина и на начин кој се изработувале во дамнешни времиња. Покрај штитовите имаше бакарни слики – реплики на антички пари, како дополнување на изложбата. Оваа изложба беше прв дел од еден поголем проект за претставување на обележјата на народите кои живееле и егзистирале на овие простори.

https://fb.me/e/1h1mGyDq7

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.294383019603388

https://fb.watch/lDHEbvLojN/

You may also like...

Напишете коментар