Category: Ликовна Дејност

Посета на делегација од државниот универзитет од Чанакале

Центарот за култура „Кочо Рацин“ - Кичево го посети делегацијата на Државниот универзитет во Чанакале „18 Март“, поточно раководството на Факултетот за уметности при овој универзитет, кои имаа можност одблиску да ги видат керамичките дела изработени од учениците од средните училишта од Кичево „Мирко Милески“ и „Дрита“, го посетија и селото Вранештица каде се наоѓа грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески, преку оваа посета имаа можност одблиску да ја видат постапката на грнчарско производство. По тој повод од двете страни беа разменети керамички подароци.
Споменатата делегација предводена од деканот проф.д-р. Еврен Карајел Гокаја и нејзиниот тим: доц. проф. д-р. Јешим Зумрут, доц.проф.д-р. Вечихе Озге Зерен, доц.проф.д-р. Берна Илери, д-р Огр. Илкан Деврим Динч, проф.д-р. Ајхан Орал и Зија Арнавутоглу.
0

ИЗЛОЖБА „УБАВИНАТА КАКО ХАРМОНИЈА И ЕДИНСТВО НА ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ“

На 20.10.2022 (Четврток) во фоајето при НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево, се одржа изложбата со наслов „Убавината како хармонија и единство на противречностите“со почеток од 19 час.
Куратор на изложба беше м-р Викторија Димеска, Историчар на уметност.
На изложбата учествуваа следните уметници: Александар Џинго, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска Трпческа, Вано Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска.

Continue reading…
0

Изложба на младинската керамичка работилница – Кичево 2022

Во среда на 12.10.2022 година во ликовната галерија во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево се одржа осмата по ред изложба на младинската керамичка работилница за изработка и дизајн на керамички производи изработени од ученици од ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево со проф. Мирослав Крстески (ментор), ОСУ „Дрита“-Кичево со Валдета Ибиши (ментор), и Слободан Столески (грнчар).

Continue reading…
0

Изложба „Детски свет“ на арт студио Лулу

На 16.06.2022 година со почеток во 18:00 часот во фоајето на ИН Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа изложбата создадена од младите кичевски уметници „Детски свет“ предводена од кичевската уметница Лулзиме Османи.

Continue reading…
0

Изложба на фотографии „Културно-историски споменици, цркви и манастири од Порече“

Во Петок (18.02.2022г.) во ликовната галерија при НУЦК Кочо Рацин -Кичево се одржa изложбата на фотографии насловена „Културно-историски споменици, цркви и манастири од Порече“ со почеток од 18:30 часот.

Continue reading…
0

Посетители од Erasmus+ во рамки на проектот “Солидарност и еднаквост”

На 31 Јануари во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево како дел од активностите од меѓународниот проект на Еразмуз+ “Солидарност за еднаквост” гости беа ученици и наставници од Полска,Романија,Хрватска и Лозово,Македонија.

Continue reading…
0