Изложба на дела од Владимир Георгиевски 

На 24 Ноември со почеток од 17 часот НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево во соработка со Музеј на град Скопјe преку Museum Link 2023 организираше изложба на дела на еден од најзначајните македонски уметници Владимир Георгиевски.

Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници.Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Во неговите дела болска златна нишкашто ги поврзува и води кон скриеното духовно благо закопано длабоко под површината на неговите слики.
Наспроти современите насоки на движење на ликовната уметност, спроти времето и актуелноста, Георгиевски ја започнува својата творечка авантура движејќи се во спротивна насока од своите современици – одејќи назад, до затрупаните извори на уметноста, таму каде што сè почнува, враќајќи се кон загубените вредности на сликарството и на сликата, кон класичната формула и мајсторската форма.

Владимир Георгиевски, уште на самиот почеток, го става човекот и неговата драма на постоење во центарот на својот сликарски свет. Тој создава дело за човекот од човекот.
Тој е сликар на современата стварност дури и кога е тешко препознатлива поради историската травестија. Симболизмот во неговото творештво, алегоријата, нарацијата и иронијата со која ги слика нештата не се противставени на основниот сликарски порив да ја направи видлива вистината за светот денес. Тие се само средства.
Протагонистите на неговите слики парадираат во историски костуми како во театар. Понекогаш тоа се современи ликови и сцени од секојдневниот живот претставени во историски костими и вкалапени во познати калапи од религиското сликарство или од книжевноста.
Во најдобрата традиција на светското сликарство, со мајсторство на кое нема што да му се забележи, Владимир Георгиевски се обиде да му го врати на сликарството загубеното достоинство и одново да го доближи до философијата разбрана изворно како љубов кон мудроста.

https://fb.me/e/53sZZttrK

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.377329837975372

You may also like...

Напишете коментар