Изложба „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солески

На 18 Јули во фоајето на центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложбата со наслов „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солески со почеток од 20 часот.

Генеза на хроничната мистерија
-мултимедијален триптих
-алегорија за губењето на идентитетот
Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба.
Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет.
Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.
Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:
Три архаични форми, ликовни метафори:
Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;
Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;
Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување.

https://fb.me/e/4NkGmMw3R

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.509453638096324&type=3

You may also like...