Светски ден на поезијата

Светкиот ден на поезијата во центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа на скромен начин на 4 Април поради несаканиот настан кој се случи во Кочани на 16.03.2025.

Во реализирањето на овој ден по изборот на учесниците кој беа избрани од страна на комисијатакоја беше составена од три  члена  Михајло Петрески,Оливера Ширговска и Ристе Ѓорѓиевски  каде имаше конкурс со избор за најдобро рецитирање.Реализирањето на овој настан беше во голема сала каде учество зедоа околу 20 избрани учесници кои се претставија со творби по свој избор.Покрај нивното рецитирање имаше и музички дел од стана на млади музичари уметници Лука Лазарески,Михаил Тренески и Наум Стефаноски кои се претставија со свој музички дел со Пијано и гитара.За најдобрите три избрани рецитали се доделија награди кои беа овозможени од страна на Центарот за Култура како и пофалници а воедно се доделија и благодарници на сите останати учесници кои учествуваа како на конкурсот така и во музичкиот дел.Исто така им се доделија благодарници на комисијата.

Прво избрани беа групата ЦВЕТОВИ од ООУ „Кузман Јосифоски Питу“

Второ избрана беше Нина Станкоска  ООУ „Кузман Јосифоски Питу“

Трето избрана Анастасија Наќеска ООУ „Кузман Јосифоски Питу“

https://fb.me/e/39zOtBifE

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.687822253592794

You may also like...