
На 25.03.2024 година (вторник), со почеток во 19:30 часот, во НУЦК „Кочо
Рацин“ Кичево се одржа литературна активност по повод Светскиот ден на
поезијата, предвиден да се реализира на 22.03.2025 но одложен поради
трагедијата во Кочан и деновите на жалост прогласени од владата на
Северна Македонија.
Оваа активност беше прва по трагедијата во Кочани и започна со оддавање
почит на жртвите, по што се обрати директорот на центар за култура, г-дин
Мазлам Османи, кој изрази сочувство за жртвите и ја нагласи вредноста на
солидарноста во вакви тешки моменти, не само за семејствата на жртвите,
туку и за целото општество. За оваа манифестација и сценографијата беше
подготвена во тој дух, поставувајќи свеќи во форма на бројот 59,
симболично во спомен на 59-те млади луѓе кои ги загубија животите во тој
трагичен настан. На крајот од говорот, директорот ја нагласи вредноста на
уметноста, која најдобро знае да лекува рани како оваа, и затоа нагласи
оваа поетска вечер ќе им даде можност на младите, идни уметници да
зборуваат со јазикот на душата.
Ова поетска вечер за најдобра интерпретација имаше натпреварувачки
карактер и ги собра учениците од средното и основните училишта од
градот, каде што, покрај нив, со своето присуство нè почестија и писатели
од Кичево кои, по завршувањето на натпреварот, интерпретираа дел од
своите поетски творештва, додавајќи вредност на овој настан.
Изборот на најдобрите го направи жирито во состав: Ќамил Алиу –
професор, Ерјона Ахмети – актерка и проф. Адем Џеладини – писател, каде
првото место го освои Шефкије Алими со песната „Зошто ја нема мајката?“,
второто место го освои Неџбије Лика со песната „Хакерими“ и третото
место го освои Саранда Елези со песната „Жена“, првите три места беа
наградени со подарок и пофалница, додека сите други учесници добија благодарници.
https://www.facebook.com/100026420543169/videos/2251983225235958
https://www.facebook.com/100026420543169/videos/3308435619298415
https://www.facebook.com/100026420543169/videos/1040793644528541
https://www.facebook.com/100026420543169/videos/996678882433055
https://www.facebook.com/Uskana1993/videos/633955066095825
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100026420543169&set=a.1656456928578309