
На 29 Април со почеток од 18:00 час. во Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево беше премиерата на детскиот анимиран филм „Смрдушковци“.
Кратка содржина
Во потрага по својот нов дом, Смрдушковците пристигнуваат во прекрасното, мало и мирно село Смрдвил. Но, за жал Смрдвил има огромен проблем: во близина има локална депонија која предизвикува секакви проблеми и го уништува прекрасниот Смрдвил. Нешто мора да се превземе! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.
Жанр: Анимација – фамилијарен
Година: 2021
Режија: Тоби Генкел
Времетраење: 85 мин
Земја: Германија, Белгија
Дистрибутер: Катавеј Дооел
Возрасна Категорија: за цела публика