Театарска претстава „Несфатената цивилизација“ (Народен театар Охрид)

На 27 декември со почеток од 19:30 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево госуваше Народниот театар од Охрид со претставата „Несфатената цивилизација“ во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во претставата играа: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

https://fb.me/e/46IAwxphd

https://fb.watch/pmnLhsa1n6/

https://fb.watch/pmnMwH-HpN/

https://fb.watch/pmnNG79Qyq/

https://fb.watch/pmnOCIIwq5/

You may also like...

Напишете коментар