
Во Четврток (19.05.2022г.) со почеток од 20 часот. во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево гостуваше eден од најдобрите македонски стендап комичари Никола Тодороски со најновото стендап шоу насловено „РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ“.
РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, се ова беше само дел од темите со кои Никола се шегуваше во ова неверојатно шоу.



https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1043244493264026&type=3