
Денот на Македонската азбука и јазик проект кој беше поддржан од Министерството за култура и туризам, во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево и во соработка со ОСУ „Мирко Милески“ со учениците од прва до четврта година се реализираше на 7 Мај во големата сала со почеток од 20 часот.
Манифестацијата беше осмислена така што се долови времето од создавањето на македонската азбука во 1945 година каде се предаваше за азбуката и македонскиот јазик, пропратено со музички перформанс од страна на млади музички групи од ОСУ „Мирко Милески“под менторство на проф. Горан Делевски, проф. Катерина Миноска и сценарио Михајло Петрески- актер драматург.

По завршувањето на настанот на сите учесници им беа доделени благодарници за нивното учество како и на нивите ментори.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.709847684723584&type=3