Во Четврток (19.05.2022г.) со почеток од 20 часот. во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево гостуваше eден од најдобрите македонски стендап комичари Никола Тодороски со најновото стендап шоу насловено „РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ“.
Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ на 13.05.2022 година со почеток од 20:00 часот беше прикажан филмот „Летечкиот циркус“ по сценарио и режија на Фатос Бериша.
На 09.05.2022 во центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа концертот на класична музика по повод Денот на Европа. Концертот „Ренесанса во три бои“ се одржа во големата сала на центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток во 20:00ч.
По повод празникот Бајрам во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија беше организиран празничен концерт „Бајрамска вечер“ со пријателите од КУД „Џеладин Зеќири“ кои со години изведуваат народни ора и песни генерација по генерација.
Како и изминатите години, така и оваа, на трет ден Велигден 26.04.2022 год. со почеток од 19 часот, се одржа Традиционален Велигденски концерт со КУД “Рацин” Кичево, кое работи во состав на НУЦК “Кочо Рацин”. На целовечерниот концерт со богата програма се претставија играорците кои се распределени во три групи (младински ансамбл, детски ансамбл и почетници), сите членови на оркестарот и вокалните солисти и сите заедно на многубројната кичевска публика им приредија вечер, исполнета со ора и песни која долго ќе се памети.
На 11 Април 2022ч. во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин “ – Кичево со почеток од 20 часот се одржа театарската претстава „ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ“ – хит комедија со актерската ѕвезда Лидија Вукичевиќ, актерот и стенд-ап комичар Семир Гигиќ од Србија и актерот Сашо Ристовски.
На 01.04.2022 год. со почеток во 20 часот, Националниот Ансамбл “Танец” одржа целовечерен концерт во НУ Центар за култура “Кочо Рацин” Кичево. Концертот беше дел од циклусот на целовечерни концерти “Танец низ татковината”, во кои се изведуваше атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјава, на кои се создавало македонското фолклорно богатство.
На 26.03.2022 сабота во 13ч. во Центарот за култура „Кочо Рацин” Кичево се одржа едукативен Концерт за деца „Музичка екологија” кој што беше изведен на македонско-албански јазик и го реализираше професионална група за музичко-сценски уметности „Трианг Пулс” Скопје каде специјални гости беа деца од предшколска возраст од ЈОУДГ „Олга Мицеска” Кичево.