Kultura-K

Манифестација по повод 5-ти Мај “Денот на македонскиот јазик”

По повод денот на македонската азбука и македонскиот јазик во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево беше отворен ден, ден каде нашите деца како и возрасните беа присутни во времепловот на создавањето на нашата азбука се до ден денес. Во нашата библиотека имаше посета од сите основни училишта заедно со нивните ментори-наставници кои со своите презентации и предавања во самата библиотека им доловија кој ја создал македонската азбука и како таа низ времето се менувала и кои се се заслужни за да се зачува нашиот македонски јазик. Посетата беше од основните училишта каде на наставниците/менторите им се доделија благодарници за нивното учество.

Continue reading…
0

Велигденски концерт

Културно Уметничкото Друштво „Рацин“ кое работи во состав на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, на 18.04.2023 година – трет ден од Големиот Христијански празник Велигден со почеток во 19 часот, го одржа Традиционалниот Велигденски концерт, кој воедно е и Годишен концерт на Друштвото.

Оваа година на концертот гостуваа Ансамбл „Кочо Рацин“ Скопје со што ја збогатија нашата програма и заедно со домаќините на многубројната публика и приредија незаборавни моменти на уживање во македонските традиционални песни и ора низ богатата сценографија и духот на празникот.

Continue reading…
0

Модна ревија со рециклирани материјали „ECO FASHION SHOW“ со деца од ЈОУДГ„Олга Мицеска“-Кичево

На 17.03.2023 година со почеток во 18:00 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево се
одржа ревија со рециклирани материјали во организација на децата на ЈОУДГ „Олга
Мицеска“ Кичево подржано од Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево.

Continue reading…
0

Кинопроекција на филмот ,, Исчезнатиот“на режисерот Арбен Тачи

Центарот за Култура го прикажа филмот „Исчезнатиот“ на режисерот Арбен Тачи, во соработка со Црвениот крст – Кичево каде сите средства собрани од продажбата на билетите беа донирани за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Continue reading…
0

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик од страна Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево по одобрениот проект од Министерството за култура се организираше литературен конкурс на слободна тема на четири јазици (македонски,албански,турски и ромаски)во соработка со основните училишта ОУ Д-р„Владимир Полежиноски“ и ОУ „Санде Штерјоски“.

Continue reading…
0

Кинопроекција на филмот “Сенки“ од Милчо Манчевски

На 23.02.2023 (Четврток) беше прикажан филмот на Милчо Манчески „Сенки“ во два термини од: 19:00 & 21:00 часот.
НУЦК „Кочо Рацин“ во соработка со Црвен Крст – Кичево сите средства собрани од продажбата на билетите ги донираа за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Continue reading…
0

Божикен концерт „Бадникови поворки“

На 14 Јануари во прекрасен амбиент во големата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин “ – Кичево се одржа вториот Божикен концерт на традиционалните божикни и новогодишни каланди.

Continue reading…
0