
По повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик од страна Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево по одобрениот проект од Министерството за култура се организираше литературен конкурс на слободна тема на четири јазици (македонски,албански,турски и ромаски)во соработка со основните училишта ОУ Д-р„Владимир Полежиноски“ и ОУ „Санде Штерјоски“.
За изборот на најдобри творби каде учество зедоа учениците од четирите етнички групи од V до IX одделение беа одредени четири први награди од секој јазик, каде изборот на најдобрите творби беше од страна на менторите-наставниците на училиштата кои зедоа целосна ангажираност во реализирање на овој проект-настан.






Во самиот настан покрај доделувањето и читањето на најдобрите творби, се читаа и дел од творбите на останатите учесници-ученици. За наградените покрај пофалница беа наградени со смарт часовници, а додека за останатите за нивното учество се доделуваа благодарници како и за самите ментори-наставници благодарница и книга од центарот за култура.
Посетеноста на овој настан беше од голема заинтересираност од страна на љубителите на убаво пишаниот збор.По завршувањето на настанот сите учесници,наставници и присутни беа почеснени со коктел-вечера кој го овозможи центарот за култура.
https://www.facebook.com/events/591159852522952?ref=newsfeed
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.234944105547280