
На 24ти Декември во НУЦК „Кочо Рацин“ со почеток од 18час. имаше проекција на филмот „Биби и Боби во светот на бајките” каде најмладите уживаа во прекрасните авантури на Биби и Боби.
Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.