Изложба на Младинска керамичка работилница 2023

На 13 Октомври во фоајето при Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево се одржа 9-тата по ред изложба на Младинската керамичка работилница за изработка и дизајнирање на керамички производи на која присустуваше и министерката за култура Г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска. Изложбата беше организирана од страна на НУЦК “Кочо Рацин“-Кичево со финансиска поддршка на Министерство за култура, a создадена од учениците ОСУ „Мирко Милески“ со Проф.Мирослав Крстески (ментор), ОСУ „Дрита“ – Кичево со Проф.Валдета Ибиши (ментор) и Слободан Столески (грнчар), Проф. Филип Фидановски и Проф. Јасмина Пејчич – Акадамески Керамичар од Р. Србија.

Овој проект се реализираше во с. Вранештица во грнчарската работилница на мајстор Слободан Столески. Најголем дел од керамичките производи се изработуваат на ножно грнчарско колце, во најразлични форми. Оваа година за прв пат имавме гостин од надвор од земјата со што полека овој проект тежнее да добие меѓународен карактер. Покрај професорката Јасмина Пејчиќ од Р. Србија која беше присутна поканети беа и керамичари од Р. Албанија и Р. Турција кои овој пат за жал не беа во можност да присуствуваат.

https://fb.me/e/5OgYBVMYW

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=100070950774337&set=a.354325346942488

https://fb.watch/nKbQiNYifU/

You may also like...

Напишете коментар