
“Пред голем број пријатели, гости и љубители на уметноста во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичeво Ендрита Пурелку ја претстави својата трета самостојна изложба наречена „Духовни глупости“, финансирана од Министерството за култура на Р.С.М. Таа во претставувањето на оваа изложба прво им се заблагодари на сите присутни, на центарот за култура и на Министерството за култура за поддршката во реализацијата на оваа изложба.




Еднрита презентираше 15 дела со различни формати, а потоа зборуваше за посебните техники што ги има претставено во нејзините дела, а кои се изработени на ткаенина на апстрактен начин во силната експресивна фора, со мешавина од маслени бои на ткаенина. Преку боите како дел од концептот, Ендрита ја откри суштината на значењето на човечките, психичките, емоционалните искуства.
Таа рече дека за таа, “уметност” значи “вистината”. Таа одбива да наслика се што не одговара на нејзините емоции. Постојано се открива и подеднакво се разложува во делата како пронајдок како откритие на нешто оригинално што произлегува низ
експериментирањето. Општествените теми ги третира со изрази на фрустрација, вознемиреност, згрозеност, незадоволство, насилство и општ вид на избезумен интензитет на чувства како одговор на грдотијата, суровата баналност, можностите и противречностите што ги пренесува модерниот живот.”