
На 13 Јуни во малата сала при НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа литературен конкурс на детски творби – проект поддржан од Министерството за култура кој се организира секоја година по повод патрониот празник Кочо Рацин.
Конкурсот трае еден месец пред реализирање на манифестацијата.На конкурсот секоја година се избираат општи теми.Оваа година општа тема беше „ЈАС И ТИ СМЕ ИСТИ“.
Учество зедоа основните училишта ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“,ОУ „Санде Штерјоски“,ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“,ОУ „Христо Узунов“ – с.Другово и ОУ „Јонуз Емре“ – с. Лисичани.
Покрај доделувањето на пофалици на наградените на останатите учесници им се доделија благодарници.По завршувањето сите присутни беа почестени со еден скромен котел.



Овој ден кој е посебен за нашиот центар т.е патрон празник покрај традиционалниот литературен конкурс беше збогатен со уште еден настан по повод великанот Кочо Рацин, се одржа Рацинова поетска вечер.На Рациновата поетска вечер се читаа Рациновите творби каде учество зедоа Литературниот клуб „КиТка“ кој е дел од Центарот за Култура како и ученици од ОУ Христо Узунов под менторство на Ивана Витанска, целата оваа вечер беше збогатена со тивка инстументална музика од страна на млади таленти.



https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1059698171618658&type=3
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/399775271913175
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/1056819081935112
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/5263207867092870
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/974542109885867
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/1306266663236249
https://www.facebook.com/303390253916124/videos/1023054658605035