Светскиот ден на книгата “Книгата сум јас“

Под мотото „Книгата сум јас“ НУЦК “Кочо Рацин“ – Кичево го одбележа Светскиот ден на книгата каде, преку видео материјал снимени пораки за значењето на книгата, учествуваа учениците од основните училишта од нашиот град како и познати писатели.

И оваа година Светскиот ден на книгата се одбележа во поинакви околности поради пандемијата и борбата против ширењето на инфекцијата. Во време кога светот е затворен и луѓето се ограничени во движењето, дружењето со книгата претставува бегство во друга реалност и дружење со најдобриот пријател на човекот книгата. Книгите имаат способност да направат да чувствуваме неодолива желба да го живееме замислениот рај, кој може да стане вистински рај. Во овие тажни времиња за светот, книгата е единствената слобода каде што секој може да се најде себеси. Поврзаноста со книгата и нејзината моќ во оваа сеопфатна изолација може да се искористи за проширување на нашите хоризонти, стимулирање на нашите умови и креативност.

23 април е прогласен за Светски ден на книгата на 15 ноември 1995 година, со резолуција на УНЕСКО, откако се зеде во предвид фактот дека книгата историски била најмоќната алатка за ширење на знаењето и најефикасна алатка за обезбедување и зачувување на ова знаење и дека секоја иницијатива за промовирање на нови книги е фактор на културно збогатување.

Оваа година, иако настанот беше далеку од библиотеките, ова не го намали значењето на овој значаен и светски познат датум, бидејќи со пораките за важноста на книгата подготвени од учениците од основните училишта се потрудивме да го одбележиме овој ден најдобро што може.

НУЦК “Кочо Рацин“ – Кичево им се заблагодарува на Министерството за култура за финансирање на овој проект, на директорите на основните училишта и на сите наставници кои ги мотивираа учениците да учествуваат во одбележувањето на овој ден што нè потсетува на важноста на книгите во развојот и збогатувањето на културата.

Следи линкот каде може да ги погледнете видео материјалите што ги подготвија учениците од овие училишта.

https://www.facebook.com/events/368782447734609/

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/241532481050999/

You may also like...

Напишете коментар