Изложба Сенки –други видувања од/на Улица од Виктор Темелкоски

На 20.09.2019 во фоајето на Центарот за култура се отвори првата самостојна изложба на младиот вајар наш сограѓанин Виктор Темелкоски.

Уметникот е дипломиран ликовен педагог /вајар.До сега учествувал на две групни изложби. Тој за прв пат се претстави со своја самостојна изложба.Целта на оваа изложба е да се потсетиме на подзаборавената важност на оваа т.н.институција улицата.Она што таму сме го научиле ,како другарување ,солидарност споделување на искуства, организирање за остварување на одредени идеи.Уметникот е задоволен од посетата на изложбата која му претставува како мотив да продолжи по истиот креативен пат да се дружиме со нови изложби како групни така и самостојни.

You may also like...

Напишете коментар