
Во НУЦК „Кочо Рацин“- Кичево на 28.11.2023 година со почеток во 18:00 часот се одбележа денот на албанското знаме со учениците од ООУ „Санде Штерјоски“-Кичево со богата уметничка програма. Овој датум го означува основањето на модерната албанска држава и независноста на земјата од Отоманската империја во 1912 година. Албанското национално знаме е важен симбол на националниот идентитет и гордост за Албанците.