Рецитал за виолина на Зана Зумери

На 19 декември 2025 година, со почеток во 18:30 часот, во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, успешно се одржа рециталот за виолина на младата и талентирана виолинистка од Куманово, Зана Зумери.

За време на музичката вечер, Зана Зумери претстави избрана програма од класични музички дела, изведени со уметничка чувствителност, напредна техника и професионална посветеност, создавајќи посебна атмосфера за присутната публика.

Рециталот беше придружуван на пијано од маестро Шкелзен Бафтијари, кој преку хармонична уметничка соработка придонесе за збогатување на музичкото и емотивно искуство на оваа вечер.

Оваа културна активност беше посветена на љубителите на култивираната музика и живата инструментална уметност, и беше прифатена со топло признание и аплауз од публиката.Рециталот за виолина на Зана Зумери беше реализиран како проект финансиран од Министерството за култура и туризам, што претставува уште една важна активност во културниот календар на институтот.

You may also like...