Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Среда (21.02.2024 год.) во малата сала при НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево со почеток од 17:00 часот се одржа литературно читање на четири јазици (македонски, албански, турски и ромски) како и песни посветени на овој ден. Оваа активност се реализираше во соработка со основното училиште „Санде Штерјоски“.

Мајчиниот јазик е моќна алатка за зачувување и развивање на националниот идентитет на еден народ. Промоцијата и ширењето на мајчиниот јазик е неопходно за заштита на културните традиции во светот кои го зајакнуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот меѓу народите. 

https://fb.me/e/4rhYYbVB3

https://www.facebook.com/media/set?vanity=100070950774337&set=a.427591062949249

You may also like...