Kultura-K
Посета од персоналот на библиотеката во Тетово
Денес имавме многу пријатна посета од персоналот на библиотеката во Тетово, кој го носи името на писателот Кочо Рацин исто како и нашата библиотека, посета што се совпаѓа со денот кога се слави патронатот на двете институции. Би сакале да и се заблагодариме на директорката Нјомза Имери Исмаили за оваа посета, како и за безрезервната помош што ни ја давале за ставање во употреба на електронската платформа Кобис, со што нашата библиотека стана дел од големото семејство на библиотеки што им овозможува на читателите пристап до книжниот фонд не само за нашата библиотека, но исто така и за сите библиотеки во земјата но и во регионот.
Изложба “Скршениот град”
Во Ликовната галерија од Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложбата “Скршениот град” во соработка со Музеј на град Скопје и МузеумЛИНК.

Изложба на учениците од “LuluArtStudio”

Во Ликовната галерија од Центарот за култура „Кочо Рацин“ се одржа изложбата на учениците од LuluArtStudio, предводена од Лулзиме Османи.
Continue reading…Комедија на Молиер “Болниот за памет” организиран од учениците на ОСУ “Санде Штерјоски” Кичево
Манифестација за Омер Калеши за доделувањето на наградата за хуманост Мајка Тереза
Овој настан беше организиран од “ArTact-Us” во соработка со НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево.




Kинопроекција на анимиран филм за деца – “Кариран Нинџа“

Приказната е за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд.
Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, тој открива дека нинџа куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.
Театарска претстава „Лимонада во друштво со директорот“

Аматерски театар во Н.У.К.К. “Кочо Рацин” – Кичево на 09 и 10 мај, ја одигра премиерата на урбаната комедија “Лимонада во друштво на режисерот” на Весна Ќуслеска во режија на Михајло Петревски.
Continue reading…







