Изложба на 7-та младинска керамичка работилница – Кичево 2021

Во Четврток (18.11.2021 год.) во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево со почеток од 18 часот, се одржа седмата по ред изложба на Младинската керамичка работилница за изработка и дизајнирање на керамички производи создадена од учениците при ДУЛУД “Лазар Личеноски“ – Скопје со М-р Филип Фидановски (ментор), ОСУ „Мирко Милески“ со Проф. Мирослав Крстески (ментор), ОСУ „Дрита“ – Кичево со Проф. Селиме Османи (ментор) и Слободан Столески (грнчар).

Учесници :

Марија Богеска
Зорица Сајкоска
Михаела Стефаноска
Матеа Миладиноска
Анастасија Дамјаноска
Леонид Гогов
Давид Ангеловиќ
Елиса Асани
Блеонита Весели
Саније Весели
Рилинда Далипи
Беглие Абдиу

На наше гоемо задоволство и чест изложбата беше отворена од Министерката за култура Ирена Стефоска.

До сега низ годините на оваа работилница се создадени над 900 творби, со што се потврдува дека оваа младинска креативна работилница навистина ја оправда целта за која беше основана. Изложбата се одржат според протоколот на Министерството за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19. Носењето маска и држење физичка дистанца беше задолжително.

https://fb.me/e/1aKayfaY8

https://fb.watch/9BVdor4gQX/

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.929166214671855&type=3

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *