Манифестација „Фестивалски денови и ноќи“

Во рамките на манифестацијата „ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНОВИ И НOЌИ“ четвртото издание во организација на здруженијата „КУЛТ“ и „ОПУС АРТ“ во соработка со здруженијата „ФОРТЕСА“, „АЛБАНСКА ЖЕНА“, „КОНСОНАНЦА“ и ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „КОЧО РАЦИН“- КИЧЕВО.

На 09.10.2021 со почеток во 17:00 часот во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ -Кичево се одржа националниот
фестивал за младинска и детска песна „Нашиот ден“ – 8 -то издание на овој настан имаше песни изведени од разни уметници од различни земји внатре и надвор од земјата.

На 10.10.2021 година, со почеток во 14:00 часот, беше прикажан документарниот филм „Кичевска свадба“, чиј автор е претседателот на Здружението Фортеса, новинарот Шабан Далипи. Овој документарен филм прикажа зачувување на традиционалните вредности и културното наследство, како што е свадбената церемонија. На овој
документарец не му недостасуваа други елементи што ја сочинуваат целината на автохтоната презентација на реализација на свадба во Кичево, како што се лирските песни што девојките ги пеат по повод доаѓањето на невестата кај младоженецот, изворните песни кои луѓето од младоженецот пеат за време на патувањето дома на невестата и обратно, како и традиционалниот фустан на жените или ора и песни од народна мелодија, кои што ја сочинуваат албанската свадба во Кичево.

Истиот ден во 15:00 часот се одржа концерт со песни, облека и храна од Кичево. Автор на овој проект беше уметникот од Кичево, Лумтурие Аџами. На овој концерт беа изведени песни од нашите краишта, поезија како и настапи со кичевски народни носии.Во 19:00 часот истиот ден се одржа самостојната изложба на познатиот уметник Валмир Азири насловена „Трагите на татковината“. Беа изложени слики на платно со
патриотска тематика.

Во 20:30 часот беше изведен играниот филм „Приказна за Приштина“ во режија на Бурбуче Бериша
сценариото е на Гетоарбе Мулиќи Бојај, продуцент Агрон Вула, додека во актерската екипа се актерите Теута Красниќи, Донат Ќосја, Луран Ахмети, Артиола Хамдијај и други.
Филмот се фокусира на приказната за Аурора и Бен, младенци кои ја имаат ќерката Фиона. Ова семејство припаѓа на средната класа на општеството, но тие живеат во хармонија и се многу среќни.
Нивните предизвици започнуваат кога на нивната ќерка се дијагностицира рак. Бен ја губи работата додека се уште го отплаќа долгот на компанијата и мора да ја плати својата нова хипотека на домот, како и долгот.
Аурора работи за меѓународна организација, но со нејзината плата е тешко да ги покрие сите трошоци, особено сега кога ќе им бидат потребни парите за лекување на Фиона, во странство.
Семејната драма, социјалната драма, како и корупцијата и лубовот, добиваат друг пресврт кога тие имаат потреба за лекувањето на Фиона. Бен е принуден да прави работи за кои никогаш не мислел дека ќе ги направи, додека Аурора не ја разбира ситуацијата на Бен и го напушта.

На крајот од овој концерт, на сите присутни им беше послуженo и традиционална
кичевска храна

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *