Изложба „Човек број” – Стефан Анчески

Во четврток (16.09.2021) во фоајето при Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево се одржа изложбата „Човек број” на Стефан Анчески со почеток од 14:00 часот.

На изложбата беа изложени 7 дела.

Изложбат се одржа според протоколот на Министерството за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19.

-Чекањето на шалтер со бројче во рака е најактуелната форма на нумерирање на луѓето во современиот начин на живеење. Принципот на „земи бројче“ можеби од една страна го олеснува воспоставувањето ред на чекање на шалтери на скоро веќе сите јавни администрации, банки, оператори ит.н. но, од друга страна она „најстрашното“ чекање не е изоставено. Токму тоа е појдовната точка на овој ликовен проект, кој сосема случајно (во тоа бескрајно чекање) почна да се развива за да го анализира човекот како број, поточно да го претвора или само да констатира дека од човековиот идентитет ( единствен матичен број), редниот број во училишниот дневник, бројот на индекс, па се до бројот на чевли, среќен број, број на години, број на шеќер во крвта……. човекот се одредува, т.е. дефинира по случајност на броеви. Меѓутоа, не се работи за констатација, туку за чувство што го добивам секогаш кога ќе се повикам на одреден број – јас се претворам во број или бројот станува „јас“?
Изработените графички решенија се со различни постапки и техники добиени по пат на случајност, без контрола врз една од најконтролираните ликовни техники – графиката. Со одбирањето на ваквата постапка ја надополнив содржината на моите дела – контролирањето и воведувањето ред со броеви на човековото постоење наспроти човековата природа, наспроти она што човекот во својата суштина – е – рече авторот. Биографија
– Стефан Анчевски, роден 10.10.1993 година од Куманово, Р.C. Македонија
– Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при
универзитетот „Св. Кирил и Методиј“(2017)
– Учествува на повеќе групни изложби во земјава и странство и на повеќе ликовни колонии

Награди и признанија:
2019 – Креативен/Арт директор на „Д Фестивал“ – Дојран
2018 – сертификат со препорака за сопствен придонес и успешно креирање на креативниот и музички фестивал „Д Фестивал“ (2018) – Дојран
2014 – Добитник е на прва награда „TrashForArt“
Самостојни изложби:
2021 – Човек-број – НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево
Групни изложби:

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *