Kонцерт „Бајрамиска вечер”

На 23.07.2021 година со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин” Кичево се одржа празничниот концерт „Бајрамиска вечер” од годишната програма финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и поддржана од муфтиството на Кичево.
Програмата беше збогатена со рецитал чии емоции ни ги пренесоа актерите Арсим Фазлија, Афердита Нухији, Рахим Рамадани и Арбен Расими, додека оркестарот беше составен од: Ера Аземи-Вокал, Арбер Тахири-Виолина, Вулнет Незири- Пијано, Јетмир Мехмеди-Гитара, Дејан Апостоловски- Прекусии.
Концертот беше одржан според протоколите од Министерството за култура дадени од здравствената комисија за заштита од Ковид-19 каде што бројот на посетители беше ограничен и оваа бројка достигна до 35 посетители. Носењето маска и држење дистанца беше задолжително!

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *