Концерт со рок бенд „Jericho“

На 15.07.2021 година со почеток од 21:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево ќе се одржа концерт со рок бендот „Jericho“.

Бендот „Jericho“ e во состав од:
Петрит Ќаркаџиу
Леонард Цанхаси
Висар Реџа
Едмонд Ѓиноли

„Jericho“ е рок бенд формиран од неколку млади Албанци од Косово, во мај 1997 година во Приштина. Оваа група е позната по својата многу посебна музика и текст.
Музиката на „Jericho“ е мешавина од рок, алтернативна, електронска и традиционална албанска музика, карактеристична за регионот на Косово и северна Албанија. Покрај стандардните рок-инструменти, тие користат и ориентални инструменти кои се дел од традиционалната албанска музика, како што се тупани, кавали и зурли.
Текстовите се генерално напишани на дијалектот гег, кој се зборува во Косово, Македонија и во северна Албанија, каде што често се користи во албански епски песни. Сите песни на „Jericho“ се однесуваат на социјални теми, со посебен акцент на проблемите што ги имале и продолжуваат да ги имаат албанскиот народ како во минатото така и во сегашноста.

You may also like...

Напишете коментар