Концерт „Обоa и гитара“

На 17 Јуни 2021 се одржa концертот “Обоа и гитара” од Јетмир Мехмети на гитара и Вулнет Незири на обоа. Концертот беше организиран од НУ Центарот за култура„Кочо Рацин“ Кичево со поддршка на Министерството за култура кој беше одржан во големата сала.Kонцертот имаше доста богата програма со многу познати композиции.

Концертот се одржа според протоколите од Министерството за култура дадени одздравствената комисија за заштита од Ковид-19 каде што бројот на посетители бешеограничен и оваа бројка достигна до 30 посетители. Носењето маска и одржувањето дистанца беше задолжително.

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *