Годишен концерт на КУД „Рацин“со вокално-иструментален состав

На платото пред НУ Центар за култура ,,Кочо Рацин” Кичево се одржа концертна КУД Рацин, кој наместо Велигденски концерт оваа година поради мерките одВладата се одржа подоцна на 25.05.2021 година како Годишен концерт, во вонредниуслови само со вокално-инструменталниот состав, по посебен протокол и спроведенисите мерки за заштита од вирусот.

Концертот имаше околу 60 минутна програма, во која беа претставени повеќеоркестарски ора како: Опа иха; Касапско оро; Чупурлика оро кое беше изведено одпомладите членови на оркестарот; Оро изведено со народниот инструмент гајда;вокалните изведби на двајцата солисти: Мома оди за вода; Дафино вино; За многугодини Македонци; Ајде вино пијам; Лено мори; Босо моме шета. Исто така, напочетокот на концертот беше презентирана досегашната богата историја односнобиографија на културно уметничкото друштво ,,Рацин” Кичево, која еве и понатака се стремиме да ја збогатуваме.

Овој концерт, како концерт кој се одржува по подолга пауза поради пандемијатасо корона вирусот, беше проследен со големо внимание и радост од многубројнатапублика наоколу.

Годишниот концерт на КУД ,,Рацин” Кичево, како и секоја година бешеподдржан со средства од проект од Министерството за култура на РСМ.

https://www.facebook.com/events/144573657599256/?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/303390253916124/videos/81943361566950

You may also like...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *