Изложба на слики „Визии од детството“ од Горан Боев

На 25 Септември во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин се одржa изложба на слики „Визии од детството“ од ликовниот уметник Горан Боев со почеток од 19:00 часот.
Изложбата се одржa според протоколот на Министерство за култура издаден од здравствената комисија за заштита од Ковид 19.Носењето маска и држењето физичка дистанца беше задолжително.

Боев има  креативно творештво  тој е претставник на една нова генерација која донесува нови текови во уметноста.

На сликите на тема „Визии од детството“ се појавуваат мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете…

Авторот вели дека делата се портрет на едно минато време, на неговото детство.

You may also like...

Напишете коментар